Таа е убавицата која го скроти Леонардо ДиКаприо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако веќе една и пол година се заедно, славниот холивудски актер и заводник, истовремено еден од најпосакуваните популарни ергени, 44-годишниот Леонардо ди Каприо, и неговата партнерка, 21-годишната Камила Мороне успеваа интимните моменти да ги држат подалеку од очите на јавноста.

Нивните излегувања во јавноста се вистинска реткост, така што папараците беа воодушевени кога ги уловија во Кан додека се фотографираат меѓ усебе. Ди Каприо ја фотографираше својата девојка додека ручаа во познатиот хотел Кап-Еден-Рок.

Додека тој ја фотографираше со мобилен, Камила позираше како балерина, облечена во бел фустан и босонога.

Актерот по навика беше замаскиран со капа и големи очила за сонце. Мороне во Кан го промовираше филмот ‘Mickey And The Bear’, во кој игра една од улогите.

И Оскаровецот ди Каприо по четири години, се врати на филмското платно во филмот „Upon a Time in Hollywood’ на Квентин Тарантино. Премиерата во која игра со Бред Пит се очекува во јули годинава.