Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Политичкиот скандал кој беше предизвикан од фамозната снимка направена на Ибица на која австрискиот десничарски политичар Ханс Кристијан Штрахе договара матни зделки со наводно анонимна руска милионерка во замена за финансиско-политичка корист и помош од нејзина страна ја разниша до степен на распад австриската влада. Подоцна беше утврдено дека фамозната анонимна руска милионерка била само мамка и дел од акцијата која му била сместена на корумпираниот политичар.
Тајно снимениот состанок на Ибица доведе до падот на австриската влада. На снимката покрај претседателот на владејачката партиј , Ханс Кристијан Штрахе и неговата десна рака, шефот на пратеничкиот клуб, Јохан Гуденус, се гледа и неговата сопруга Тајана Гуденус. Пред неа двајцата политичари ги договараат сомнителните работи.
Тајана Гуденус , родена Тајчиќ според австриските медиуми е Србинка родена во Хрватска. Семејството и побегнало од Бања Лука за време на војната. Во 2007 се преселиле во Австија , а Тајана во Виена завршила факултет . Во текот на 2016 во Виена водела програма што ја организирала Туристичката агенција на Белград, со која раководел амбасадорот на Србија во Австрија.
Тајачиќ со сопругот Гуденус се венчале во 2017 и имаат син. Гостин на свадбата бил и Милорад Додик.
На снимката од Ибица се гледа дека Тајана е доста упатена во политиката , бидејќи сопругот и неговиот политички шеф склободно пред неа зборуваат за зделката. На снимките се гледа дека Тајана не се впуштала во разговор , туку само била сведок.
Овие снимки на кои Штрахе и сопругот на Тајана во јули 2017 со наводна внука на руски олигарх договараат бизнис вреден 250 милиони евра , беа објавени од австриските медиуми , по што за само неколку дена дојде до пад на владата на Курц. Штрахе во разговорот и нуди на наводната русинка предност на јавниот тендер за вложување во австриското стопанство.