Таа е секс симбол на својата генерација, а сопругот ја изневерувал оти му била досадна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанската актерка Орнела Мути е родена на 9 март, 1955 година, под вистинското име Франческа Романа Ривели, и вчера наполни 62 години.

Кариерата ја почна на 15 години со улога во филмот La moglie piu bella, која ја доби сосема случајно. Нејзината сестра се спремала за аудиција за главната улога во тој филм, па ја наговорила и Орнела да ѝ се придружи. На крајот таа ја „краде“ улогата за која претендира сестра ѝ.

Со својата убавина ги освои италијанските филмаџии кои наскоро од неа направија филмска дива на која сите ѝ се восхитуваа. Кариерата ја започна во италијанската кинематографија, но наскоро почна да глуми и во француските, британските и американските филмови.

Се мажеше два пати. Нејзиниот прв сопруг беше славниот актер Алези Орано, со кој беше во брак шест години. Италијанските медиуми ги нарекуваа најубавиот пар во државата, а нивниот приватен живот ги полнеше новинарските страници. Во бракот ја добија ќерката Наике, која денес се занимава со манекенство.

A post shared by Ornella Muti (@ornellamuti) on

Но, љубовта набрзо пукна, па Орнела почна да се поврзува со некои други моќници. Започна романса со режисерот Марко Ферари, за која медиумите нагаѓаа многу пред воопшто да биде започната. После раскинувањето со Ферари, го запозна Федерико Фачинети, за кој се омажи по втор пат и со него доби две деца, синот Андре и ќерката Каролина.

Но, Федерико често ја изневеруваше, беше склон кон алкохолот и подоцна почна да се зборува дека е вклучен во некои матни зделки, па Орнела поднесе барање за развод. Во една прилика Федерико наводно изјавил дека Орнела е многу досадна, како за муабет, така и во кревет.

Последниве години за Орнела се пишуваше во доста негативен контекст. Прво ја обвинуваа за затајување данок, потоа нејзината ќерка објави фотка на која се гледа голата фотографија ја прави мама Орнела, додека очувот Фабрис, новиот партнер на актерката, сето тоа го набљудува без гаќи.