Таа е првата жена која ја надмина бројката од 200 милиони следбеници на Инстаграм


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


27-годишната пејачка Аријана Гранде минатиот викенд ја надмина границата од 200 милиони следбеници на Инстаграм и со тоа стана првата жена на светот што може да се пофали со толку голем број следбеници на оваа социјална платформа.

Веднаш зад неа според бројот на следбеници се Кајли Џенер со 193 милиони и Селена Гомез следена од 190 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Меѓу првите на Аријана Гранде и го честиташе успехот Лејди Гага (која има многу поскромни 43,4 милиони следбеници) со објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

„Честитки за мојата пријателка Ариана Гранде за 200 милиони следбеници. Ти си кралица. Носи ја таа круна”, и порача Гага.

Инаку, првиот човек кој собрал импресивни 200 милиони следбеници е фудбалската sвезда Кристијано Роналдо, кој ја достигна таа бројка во јануари оваа година. Во моментов Роналдо е следен од 237 милиони луѓе.