Таа е прва жена која однесе бебе во генералното собрание на Обединетите нации


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн го одржа првиот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк и стана првата жена која со себе го носеше и своето бебе во оваа институција.

Ардерн си играше со својата ќерка Нев Те Арофа пред да го има официјалното обраќање кон присутните членови. Нејзиниот партнер Кларк Гејфорд го чуваше бебето додека таа го држеше говорот. Ардерн е втората избрана лидерка која се породила додека е на оваа позиција.

Прв пат се обрати на Мировниот самит „Нелсон Мандела“, каде го истакна длабокото влијание на јужноафриканскиот лидер на нејзината земја. Џесинда го дои своето тримесечно бебе, па поради тоа го носеше со себе на шестдневното патување.

„Нев најголем дел од времето е со мене во Нов Зеланд“, вели Ардерн. За New Zealand Herald таа изјави дека лично ќе си ги сноси патните трошоци за нејзиниот партнер, бидејќи патувањето на Кларк во Њујорк е заради грижа околу Нев.

Ардерн се врати на работните обврски шест недеи после породувањето.

„Премиерката Ардерн покажа дека никој не е подобро квалификуван да ја претставува нејзината земја од мајка работник. Само пет насто од светските лидери се жени, затоа треба да направиме сè да се чувствува добредојдено тука“, изјави портпаролот на ОН.