Таа е новата жешка фајтерска UFC ѕвезда во најава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МекКензи Дерн нема да биде во фокусот само поради нејзиното презиме, угледниот татко и вештината, туку и поради убавината.

Таа оваа сабота прв пат ќе влезе во UFC кафезот, местото во кое влегуваат само најдобрите. Своето деби ќе го има во рамки на UFC 222 настанот во Лас Вегас против Ешли Јодер.

Кога зборуваме за убавата и исклучително талентирана МекКензи, има многу аналитичари кои сметаат дека таа сепак прерано влегува во UFC и дека неискуството може да ја чини разочарување, удари од земја и слично. Таа е свесна за своите недостатоци, но тоа не ја спречува да тргне во остварување на своите соништа во најсилната и најквалитетна организација на слободни борби.

Родена е во американски Феникс, сојузна држава Аризона, а се наведува како американско-бразилска спортистка која во својата биографија има победа над Габи Гарсија, угледната „фајтерка“ преку која заседна на пиедестарлот од најдобрите светски џиу-џицу борачки.

МекКензи Дерн е ќерка на познатиот бразилски џиу-џицу мајсто Велингтон „Мегатон“ Дијас. Поседува црн појас во оваа боречка вештина уште пред да може легално да купи пиво.