Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот шпански фудбалер Жерар Пике, кој веќе неколку месеци е во центарот на медиумското внимание заради раскинувањето на неговата долгогодишна врска со пејачката Шакира поради негово неверство, веќе не ја крие романсата со младата Клара.
Симпатичната Клара Чиа Мартин е цели 22 години помлад од долгогодишната партнерка на Пике, светската музичка ѕвезда Шакира.
Жерар Пике ја официјализираше врската со Клара Чиа Марти на социјалните мрежи седум месеци по раскинувањето со Шакира.
Шакира и Пике ја објавија својата разделба во јуни минатата година, по повеќе од 11 години врска во која добија два сина Милан (10) и Саша (7).
Мегапопуларната пејачка и славниот фудбалер на Барселона првпат ја потврдија својата врска во март 2011 година. Тие се запознаа на снимањето на нејзиниот спот за мундијалската песна „Вака Вака (Овој пат за Африка)“, која беше официјална песна на Светското првенство во фудбал во 2010 година.
Од нивното раскинување, кое на прв поглед беше мирно, следеа само немили случки. Шакира минатата недела објави „песна за одмазда“ во која јасно се осврнува на Пике во негативен контекст, а текстовите алудираа на тоа дека ја менува за нешто помалку вредно. Шакира јавно објавува дека се чувствува изневерено. Пред објавувањето на песната, во објава на Инстаграм напишана на шпански и англиски, пејачката напиша дека оние кои се изневерени „мора да продолжат“ да ја чуваат верата. „Дури и ако нашите рани се уште се отворени во оваа нова година, времето има раце на хирург“, напиша таа.
Поранешниот фудбалер сега ја сподели првата фотографија со својата нова девојка 23 годишната Клара со која наводно ја изневерувал пејачката.