Таа е новата Бонд девојка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продуцентскиот тим кој стои зад најновото продолжение на играната филмска франшиза за тајниот агент 007 го официјално го најавија почетокот на снимањето на 25. продолжение од овој акционен серијал. И во ова продолжение, за последен пат, Џејмс Бонд ќе го игра актерот Даниел Крег.

А беа претставени и новите ѕвезди на филмската франшиза кои ќе му прават друштво на Крег во акционите авантури.

Главниот негативец ќе го толкува Рами Малек кој се прослави со улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“. Исто така откриено е дека новата девојка на Бонд ќе биде Ана де Армас.

Неа фановите ја дочекаа со воодушевување, а многумина прокоментираа дека е премногу млада за Крег.

Сепак, ова не е прв пат тие да соработуваат. Тие работеа заедно и на филмот „Knives Out”.

Ана претходно се појавувала и во филмовите „War dog”, „Knock Knock”, како и во филмот „Blade Runner 2049”, за кој ја доби наградата Сатурн за најдобра споредна улога.

Во филмот ќе се појават и Ралф Фајнс, Наоми Харис, Рори Кинир, Ли Сејдукс, Бен Вишсо, Џефри Рајт, Дали Бенсалах, Давид Денчик, Лашана Линч, Били Магнусен и други.