Музика

Таа е најплатена британска пејачка – еве колку милиони инкасираше минатата година

Адел Лори Блу Адкинс е најбогатата пејачка во Велика Британија според листата на The Sunday TImes. Само минатата година таа инаксираше на своето банковно конто заработка од речиси 50 милиони евра.

Благодарение на светската турнеја, нејзиното богатство порасна од 85 на 125 милиони фунти. Меѓутоа, и покрај ваквиот успех, Адел е дури на 19-то место на листата со најбогати музичари во Велика Британија. Најголемото изненадување е што таа е единствената жена на оваа листа.

Пред неа, со многу поголеми заработки, се нејзините машки колеги. Сер Пол Мекартни, прв на листата, годишно заработува 900 милиони евра, Лорд Лојд-Вебер 870 милиони евра, а U2 нешто повеќе од 680 милиони евра.

Албумот 25 кој Адел го објави во 2015 година е најбрзо распродаден албум во музичката историја на Велика Британија. Благодарение на него Адел заработи 33 милиони евра.

Advertisements
To Top