Таа е многу религиозна христијанка, ама „Бог ја натерал да снима порнографија за Only Fans“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кортни Тилиа е американската OnlyFans ѕвезда и авторка на експлицитни содржини од 18+ категоријата.

Таа во неодамнешното интервју за Дејли Стар изјави дека инаку е многу религиозна христијанка и дека верува дека нејзината работа не е во спротивност со принципите на нејзината религија.

OnlyFans, христијанката, тврди дека снима порно филмови бидејќи тоа е „порака од Бога“. Таа откри дека сега кога почнала да се занимава со оваа работа на OnlyFans, се чувствува уште повеќе поврзана со својата вера и Бог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Tillia (@thecourtneytillia)

Таа ја започна својата кариера на страницата каде што дистрибуира и наплаќа за сопствената порнографска содржина пред седум години и тврди дека Семоќниот ја ставил на Земјата за да им помогне на другите жени да ја ослободат својата сексуалност.

„Божјата порака беше јасна. Јас сум на Земјата за да бидам порно ѕвезда. Тоа е мојот начин да му служам на Бог”, рекла Тили, која е мајка на четири деца, а претходно работела како професорка во средно училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Tillia (@thecourtneytillia)

Сепак, таа тврди дека нејзината учителска работа немала цел и дека тоа не е нејзиниот вистински животен и духовен пат и дека копнеела по нова професија. “Додека бев наставник, се чувствував како да не сум во контакт со себе и со Бог. Не знаев која е смислата на мојот живот и како можам да им помогнам на другите”, вели Тилиа.

Иако, како што вели, на почетокот била малку колеблива и воздржана, на крајот целосно се ослободила, со силна поддршка од сопругот Ник. Се борела и со анксиозност, вели таа, бидејќи решила да ја смени својата професија, а сето тоа поради строгото христијанско воспитување низ кое поминала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Tillia (@thecourtneytillia)

“На почетокот се срамев и не бев сексуално слободна. Бев на снимање со порно ѕвезди и ми беше многу срам. Мислев дека луѓето околу мене и луѓето од заедницата ме осудуваат, сето тоа поради некои верувања дека ми беа всадени порано, се пожали Кортни.

„Дел од мене чувствуваше дека луѓето ме осудуваат и мислеа дека сум неморална, но јас не се чувствував како Бог да ме осудува“, изјави Тили. Нејзиниот профил на OnlyFans наеднаш стана популарен и, како што тврди, многу претплатници и кажале дека многу им помогнала да ја ослободат својата сексуалност и поради тоа таа верува дека сепак тоа е дел од Божјиот план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Tillia (@thecourtneytillia)

„Сега ги одбивам сите проповеди кои им кажуваат на луѓето дека треба да се плаши од Бог и дека ќе ни суди. Бог нè сака, не треба да се плашите од него. Бог прифаќа, не суди“, уверува Тили и нагласува дека луѓето не треба да ги потиснуваат нивните сексуални нагони и дека треба да уживаат и да се изразуваат сексуално затоа што „Бог така сака“.