ТАА е контактот со богаташите: „Бараме млади девици, плаќаме повратен билет до Москва“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Илјадници девојки и жени во Русија ја продаваат својата невиност, откако ќе најдат богат љубовник преку интернет, покажуваат резултатите од новото истражување. Дури и постојат „специјалисти“ кои бараат девици за да ги поврзат со богаташите кои се спремни да одвојат голема сума кеш за „да им бидат први“.

„Бараме млади девици до 19 години. Паметни, убави и шармантни, од било кој руски град. Плаќаме повратен билет до Москва за девојките кои изгледаат како таа на фотографијата“, гласи еден оглас на форумот Bad girls club.

Во некои случаи, и самите девојки огласуваат огласи во кои бараат „купец“ за нивната невиност.

„Ја продавам невиноста, контактирајте ме во приватна порака. Живеам во Москва, имам 19 години, висока сум 175 см и тешка 65 килограми“, пишува во огласот од една девојка која се претставува како Милана Мерсер.

Милана Мерсер

Меѓутоа, реалноста е дека некои од нив на ваков очајнички чекор се одлучуваат поради тешки причини, вели британски Дејли Мејл.

„Ја продавам невиноста за да го платам лекувањето на мојата мајка која боледува од рак“, пишува 20-годишната Анастасија, наведувајќи дека за тоа им се потребни околу 4.300 евра (300.000 рубљи).

Други девојки, пак, во тоа гледаат начин како да стигнат до подобар живот.

„Овде не станува збор за проституција. Сакам да запознаам богат човек и да се обидам да остварам врска со него“, тврди 19-годишната Даша.

„За да отворам сопствен приватен бизнис ми требаат пари кои не можам да ги заработам заради редовното работно место, а во овој случај за да заработиш не ни мора да правиш нешто“, објаснува 18-годишната Рита.

Од друга страна, купувачите сакаат да си овозможат нешто посебно за свој вкус.

„Два пати сум купил невиност, бидејќи сакам да пронајдам сопруга кој уште не била со никого“, вели 38-годишниот Димитри.

Првиот пат тој платил 1.500, а вториот пат 1.000 евра, но уште нема најдено животна сопатничка по негов вкус.

Купувачите понекогаш се и жени, како што е 24-годишната бисексуалка Ана. Таа е мажена за директор на една медицинска компанија, кому, како што вели, зад грб „му купува“ девици по цена од 300 до 600 евра.

„Девојките кои ги запознавам на сајтовите за запознавање ми деуваат вулгарно и валкано. Подобро ми е да бидам со некоја која никогаш не искусила секс“, вели таа.

Марина, која и самата ја продала својата невиност и заработила 8.000 евра, денес води агенција која ги поврзува девиците и богатите клиенти.

Марина

„Девојките, во просек, се платени помеѓу 200.000 и 300.000 рубљи (2.800 и 4.300 евра), што зависи од возраста и изгледот. Најбарани се девојки помеѓу 17 и 18 години, со поситна градба, слатки и скромни“, ги опишува побарувачките Марина, додавајќи дека агентите добиваат провизија од 20 до 50 насто.

Девојките се должни да покажат потврда од лекар дека се девици. Многу од нив, меѓутоа, посетуваат пластични хирурзи каде се подложуваат на реконструкција на хименот, па така ја продаваат својата „невиност“ и по неколку пати.

„Ова е мојата работа. Од парите кои ги заработувам можам да живеам добро неколку месеци. Досега два пати ја имам продадено мојата невиност и не мислам да престанам“, заклучува 22-годишната Елена.