Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелната британска кралица, Елизабета Втора, е посебна по многу нешта. Меѓу нив се и привилегиите кои таа ги ужива како носителка на веројатно најмоќната монархиска титула.
Прво, таа е монархиски владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот. Оваа титула има посебна тежина која носи многу привилегии. Една од привилегиите е тоа што кралицата може да патува во странство без патнички документи.
Се работи за привилегија што исклучиво ја има кралицата Елизабета Втора, која не важи за другите членови на британското кралското семејство.
Освен во земјите со кои владее, кралицата може да патува без пасош низ целиот свет, а ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот – 116.
Исто така, треба да се напомене дека сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.
Кога станува збор за привилегии, кралицата исто така има имунитет за кривични гонења, има право да ѝ објави војна на која било земја, има право да вози без возачка дозвола… како и многу други права и предности…