СЗО внимателно го следи „му“ – новиот сој на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „му”, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објавија од организацијата доцна синоќа.

Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи”, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус.

Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.

Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и у.

Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.