Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Примена на дополнителна, трета дози од вакцините против ковид-19 кај целото население засега не е оправдана, оценија експерти на СЗО и на американската агенција за лекови
„Вакцините, кои ги има во ограничени количества, ќе спасат најмногу животи ако им ги дадеме на лицата изложени на голема опасност од тежок облик на ковид и кои сè уште не се вакцинирани“, напишаа експертите во британскиот медицински магазин Лансет.
„Сегашните податоци не покажуваат потребно од повторно вакцинирање на целата популација, кај која ефикасноста против тешки облици и понатаму е висока“, продолжува групата меѓународни експерти во која има експерти на Светската здравствена организација и ФДА и неколку истражувачки организации од целиот свет.
Можноста за дополнителна, најчесто трета доза, за целото население е тема на бурни расправи.
Во земји како Франција почна довакцинирање со трета доза за некои категории на населението и тоа најстарите (шест месеци по вакцинирањето) и лицата со ослабен имунитет.
Тие земји тоа го оправдуваат со пад на ефикасноста против делта варијантата, а изгледа дека со време тој пад се засилува.
Некои отидоа и подалеку. Во Израел трета доза е на располагање за сите постари од 12 месеци, пет месеци по вакцинирањето. Соединетите Американски Држави почнуваат кампања за дополнително вакцинирање на 20 септември, почнувајќи од најстарите.
Но СЗО повеќе пати ја отфрли дополнителната доза за целото население и смета дека таа мерка не е научно основана и ја истакнува нееднаквоста на сиромашните земји.
Експертите чиј напис е објавен во Лансет сметаат дека, иако нивото на антитела со време се намалува кај вакцинираните, тоа не значи дека вакцините се помалку ефикасни против тешки облици на заболување.
Тие истакнуваат уште еден вид имунолошки одговор, клеточниот имунитет, кој е потешко мерлив.
Со тоа препорачуваат развој на дополнителни вакцини специјално развиени за порезистентните варијанти кои во иднина би можеле да се појават, наместо примена на дополнителни дози на постоечките вакцини.