Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со зголемување на бројот на информаци и известувања за глобалната состојба со коронавирусот, прогресивно се зголемува и бројот на дезинформации поврзани со овој вирус и пандемија.
Поради тоа, Светската здравствена организација одлучи да го употреби најмасовниот сервис за размена на пораки во светот за точните информации да стигнат и до оние најзагрижените. Секој може да се пријави на контакт листата, а СЗО го овозможи со помош на WhatsApp бот.
Како да се поврзете?
Прво, потребно е бројот +41 79 893 18 92 да го меморирате во своите контакти, а потоа да го најдете во своите WhatsApp контакти и да испратите порака. Таа порака може да биде било што, како „Здраво“ или нешто друго. Потоа ќе добиете автоматски повратна порака во која ќе можете да видите понатамошни упатства. Со тоа сте пријавени за известувања, а исто така можете да изберете еден од понудените броеви во однос на тоа какви информации сакате да проверите за пандемијата.
To receive updates on #COVID19 from WHO add this number— +41 79 893 18 92 to your contacts and send a @WhatsApp message. You’ll automatically be registered to receive updates and also have an option to ask for more information as shown below. pic.twitter.com/WXaGd88AGf
— WHO Uganda (@WHOUganda) March 20, 2020
Некои од понудените опции вклучуваат последни информации за тоа како се шири вирусот, прашања за превенцијата, но и дел од некои митови на кои наидуваме на интернет, а за кои СЗО овде понуди да одговори. На крај, ако сте расположени, останува и опцијата за донирање средства.