СЗО: На светот му се заканува пандемија која може да убие 80 милиони луѓе за 36 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската здравствена организација алармантно предупредува дека светот е под закоана од појава на глобална пандемија, која би можела да убие 80 милиони луѓе за 36 часа. Тие потенцираат дека светот не е подготвен за ваков вид на пандемија.

Брзото ширење на некој причинител на белодробна болест е закана за голем број од светското население , а би можела да биде загрозена и целата светска популација.

„Глобална пандемија со такви размери би била катастрофална – ќе настане паника, нестабилност и неизвесност. Светот не е подготвен за ова“, велат експертите.

Во извештајот се бара модел на системи кои можат ефикасно да ги детектираат и контролираат појавите на болести.

„Кога станува збор за пандемии, ние сме сведоци на премногу циклуси на паника и занемарување – ги засилуваме нашите напори кога се изложени на вистинска закана и многу брзо забораваме на нив кога заканата ќе помине. Времето за конкретни активности одамна помина”, предупредуваат научниците.

Земјите со лоша инфраструктура и здравствени системи се најранливи, но сите земји се подложни на опасност.

Ако избувна пандемија како што е шпанскиот грип од 1918 година, последиците би биле три трилиони долари или пет проценти од светскиот БДП, процени Светската банка.

„Во случај на ваква инфекција, денес, кога светската популација е четири пати поголема, за 36 часа на кое било место во светот, би умреле меѓу 50 и 80 милиони луѓе. Покрај високата смртност, таквата пандемија ќе предизвика паника, ќе ја дестабилизира националната безбедност и тешка ќе ја погоди глобалната економија и трговијата “, се наведува во извештајот.

Иако напредокот на науката и технологијата ги подобри системите за јавно здравје, тоа исто така, претставува голем ризик затоа што епидемијата може да биде предизвикана од вештачки создадени микроорганизми од лабораторија, кога намерно ќе бидат ослободени.

„Светот е во опасност. Но, ние веќе имаме алатки за да нè спасат нас и нашите економии. Она што ни недостасува е лидерство и волја да дејствуваме посилно и ефикасно“, се вели во извештајот на СЗО.