СЗО алармира: Европа ја демне нов бран на Ковид-19 – една можна причина за истиот е Европското фудбалско првенство


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Светската здравствена организација ја алармира и предупредува европската и светската јавност дека во регионот на Европа, во кој има 53 земји, минатата недела бројот на нови случаи се зголемил за 10%. СЗО посочува дека пред претстојната есен се заканува нов бран на Ковид-19. Организацијата повикува на подобро следење на натпреварите на Европското првенство во фудбал, како потенцијална закана за ширење на инфекциите.

Ширењето на делта мутацијата на коронавирусот, олеснувањето на мерките, патувањата, собирите – се причините за зголемувањето на бројот на нови случаи на ковид-19, предупредува СЗО.

Регионалниот директор Ханс Клуге истакнува дека, иако расте бројот на новозаразени, опфатот на вакцинацијата не е доволно висок.

Светската здравствена организација наведува дека делтата варијанта на коронавирусот ќе доминира во регионот на Европа веќе до август.

– Нови варијанти на вирусот, недостаток на вакцинација, зголемување на социјалните собири. Ќе има нов бран ако не останеме дисциплинирани – предупреди Ханс Клуге.

Запрашан дали на Европското првенство во фудбал може да се гледа како „супер-поттикнувач“ на короната, Клуге рече дека „се надева дека нема“, но и дека не може да се исклучи оваа опција.

„Гардијан“ наведува дека откриени се стотици нови случаи кај гледачите на првенството, а меѓу нив се и Шкотите кои се вратија од Лондон по мечот Англија-Шкотска, исто така и Финците кои дојдоа од Санкт Петербург.

СЗО исто така предупредува дека треба да се интезивира мониторингот и настаните кои се пропратен дел од самото првенството, како што се собирањето навивачи, патувањето во преполни автобуси на натпреварите, следење на натпреварите во кафеани.

Гардијан го посочува и примерот на Израел, светскиот лидер во вакцинацијата, кој објави во четвртокот најголем број нови инфекции во последните три месеци.

Тамошните власти започнаа вакцинација на деца и размислуваат за заострување на патните мерки. Министерот за здравство предупредува дека бројот на новозаболени може да продолжи да скока и во наредните денови.

Патем, на таа земја се гледа како на тест за другите земји, имајќи предвид дека вакцинирала 85% од населението. Иако бројот на нови случаи започна да расте, бројот на смртни случаи не се зголеми.