Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дневниот број на смртни случаи од ковид-19 во Европа е за 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Портпаролката на СЗО, д-р Маргарет Харис, за Би-Би-Си изјави дека најголем број нови случаи на инфекција се регистрирани во Франција, Шпанија, Велика Британија, Холандија и Русија.
Во последните 24 часа во Русија, 320 лица починале од компликации поврзани со инфекцијата со ковид-19, што е најголем дневен број на смртни случаи во таа земја од почетокот на пандемијата. Досега во Русија починале 26.589 лица од коронавирус.
Русија е четврта земја во светот по бројот на инфекции, по САД, Индија и Бразил.
Дневниот број на смртни случаи нагло се зголеми и во Италија. Во последните 24 часа починаа 221 лице. Бројот на жртви расте и во Австрија, а денес бројот на починати во таа земја надмина 1000.
Говорејќи денес на програмата на БиБиСи „ World at One“, Харис рече дека „има интензивно и алармантно зголемување на инфекциите и смртните случаи низ целиот европски регион“.
„Болниците во некои земји брзо се полнат, и покрај подоброто управување со болничките капацитети“, предупреди таа.
Таа рече дека бројот на нови инфекции се зголемил за една третина во споредба со претходната недела, додека дневниот број на смртни случаи се зголемил за „скоро 40%“.
Таа исто така го коментирала воведувањето на построги мерки во различни европски земји и рече дека резултатите ќе ги видиме дури по две недели.
„Бројот на нови случаи треба да се намали, но тоа нема да се случи преку ноќ“, рече портпаролката на СЗО.
“Добрата вест е дека болниците сега имаат многу подобро разбирање за тоа што се случува. Друга добра работа, во извесна смисла, е тоа што големи групи на нови случаи се млади луѓе, со помала веројатност да имаат тешки симптоми. Но, тоа не е гаранција”, рече Харис.
„Овие два фактори сугерираат дека можеби не сме сведоци на такво огромно зголемување на стапката на смртност како што беше случајот во април“, додаде таа.