Symphony доаѓа во Скопје и бара ИТ инженери – дознајте повеќе за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако постигнаа успех и создавање на успешна работна мрежа во Сараево, Белград и Нови Сад, Symphony ја носи својата уникатна култура во Скопје.

Symphony е меѓународна компанија за софтверско инженерство која се раководи со мислата дека заедницата го поттикнува развојот на иновациите. Со поддршка од силни деловни канцеларии во Сан Франциско, Амстердам и Берлин, Symphony има за цел да донесе дел од најпредизвикувачките проекти за локалните ИТ заедници, пренесува Фокус.

„Го забележавме огромниот потенцијал на луѓето во овој регион. Честопати разговаравме дека треба да им дадеме можност да работат на предизвици со некои од најинспиративните луѓе во светот. Во последните неколку години имавме можност да работиме со некои од најдобрите инженери кои претходно биле ангажирани од Apple, Google и Amazon, и дојдовме до заклучок дека нашите инженери работат со подеднакво ниво на квалитет како и тие. Оваа идеја кај нас се појави сосема природно и затоа решивме  да го изградиме нашиот хаб прво во Белград, потоа во Нови Сад, а сега се фокусираме на Скопје. Но, нема да застанеме тука”, вели главниот извршен директор и основач на Symphony, Харис Мемиќ за неговата одлука за изградба на хаб во Скопје.

„Во овој момент петнаесеттина лица работат во Symphony – Скопје. Тие се талентирани и амбициозни, и колку што тие учат од Symphonyи ние учиме од нив. Најдоброто е што тие веќе работат на свои проекти и подеднакво учествуваат во правењето промени со остатокот од тимот на Symphony. Горди сме на фактот дека предизвикавме интерес во Скопје и се надеваме дека ќе го прошириме нашиот тим во блиска иднина”, вели Игор Николовски, кој раководи со канцеларијата на Symphony во Скопје.

Symphony ја негува културата посветена на вработување на најдобрите инженери за заедничко постигнување на врвни резултати. За да успеат во оваа мисија, тие се фокусирани во обезбедување на средина која ги зголемува перформансите и продуктивноста на луѓето на највисоко ниво и служи како центар за соработка што ќе овозможи слободно создавање идеи и решавање на проблеми од сите нивоа.

Во Symphony – Скопје, ИТ инженерите ќе имаат можност да работат во развоен центар изработен според нивните потреби, со свој личен готвач кој ќе биде одговорен за подготовка на свежи и здрави оброци секој ден, соба за релаксација, соба за рекреација и голема тераса со воодушевувачки поглед на градот Скопје.

Symphony– Скопје е во потрага по млади умови кои се подготвени да направат промена заедно со својот тим, затоа,отворете ја нивната веб-страница www.symphony.isи искористете ја можноста да се приклучите на најкул заедницата во Скопје.