Својот нов BMW џип од 70.000 евра го плати со еден тон метални монети


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кинез направи вистински хаос во продажниот салот за BMW во кинески Тонгрен кога требаше да го исплати својот нов џип од престижниот германски автомобилски бренд.

Тој со камион натоварен со еден тон монети, метални пари пристигнал да си купи нов џип BMW. Вредниот Кинез за купување на нов автомобил BMW чија цена изнесува 480 000 јуани(околу 70 000 евра) издвоил скоро еден тон монети.

Анонимниот купувач инаку работел како возач на автобус, Тој железните јуани ги собирал повеќе години на работното место. Наместо редовното менување на малите апоени за поголеми монети тој металните парички редовно ги носел дома и ги собирал, надевајќи се дека еден ден ќе собере доволно монети за да го купи својот автомобил од соништата.

Кога го видел новиот модел на BMW анонимниот Кинез заклучил дека дошло вистинското време за размена на своето метално богатство за автомобил. Но, тогаш сфатил и дека никогаш не ги избројал парите што ги собирал со години работејќи како возач.

По што повикал четири пријатели и сите заедно започнале да ги бројат собраните монети. Пријателите броеле четири дена по што монетите биле натоварени во сандаци ставени во камион и однесени во салонот за продажба на BMW автомобили.

Агентот за продажба кога го видел камионот натоварен со монети заклучил дека сам за еден ден нема да успее да ги изброи парите и побарал помош од бакната.

Дури 11 службеници од банката и машина за броење монети по 11 часа работа ги избројале сите 150.000 монетите кои тежела околу 900 килограми.