Со својата заводливост во Кан засени многу помлади колешки и убавици


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мноштво славни филмски фаци се прошетаа синоќа на црвниот килим од Филмскиот фестивал во Кан, но сите нив ги засени легендарната американска актерка Сузан Сарандон.

Иако има 70 години, таа на церемонијалното отворање на фестивалот одважно се појави во тесен црн фустан со длабоко отворено деколте кое ги привлече погледите на сите присутни и на медиумите.

Екстравагантната Сарандон покажа дека и денес изгледа неверојатно добро и гордо позираше пред фотографите.