Своевремено најпознатата швалерка добро се држи: Моника Левински во одлична форма за годините


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Моника Левински, активистката најпозната по љубовната афера со бившиот американски претседател Бил Клинтон која во 1995 година ја окупираше целокупната политичка и граѓанска јавност во САД и пошироко, се појави на премиерата на филмот „Што има љубовта врска со тоа“ во Лондон и доби позитивни реакции за нејзиниот изглед.

Насмеана и опуштена позираше пред насобраните фотографи, со младешки изглед како за нејзините години, па многумина коментираа дека Моника никогаш не изгледала подобро.

Во Белата куќа таа стапи на служба во летото 1995 година, како приправничка, а работата ја доби преку семејни врски. Моника беше преместена во Пентагон бидејќи нејзините надредени лица сметаа дека премногу време поминува со тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Набрзо после ова преместување беше откриена и нивната сексуална афера. Левински подоцна призна дека девет пати имала секс со Клинтон во Овалната соба од Белата куќа.

Овој скандал најмногу и најдолгорочно предизвика штета на угледот од Левински.