Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На конкурсите за финансирање македонска авторска музика од МРТ, композиторот, текстописец и аранжер Кристијан Габроски доби вкупно 36.000 евра за 11 песни, а Ѓорѓи Крстевски за четири, а пејачот и композитор Александар Ристовски- Принц, пренесува СакамДаКажам.
Македонската радио телевизија со пари од буџетот на Министерството за култура ќе финансира нови 38 композиции како поддршка на домашната музичка продукција. Финансиски средства да снимаат песни и спотови добија пејачите Даријо Панковски, Александар Ристовски – Принц, Кристијан Габровски, Ѓорѓи Крстевски, Авни Аљији, Ристо Самарџиев, Али Бајрам и други.
Конкурсот беше објавен лани на 30 јуни, а одлуката од комисијата на МРТ е донесена на 5 јануари. Доделени се субвенции во повеќе категории, како на пример: „Забавна музика“, „Ѕвезди“, „Врвен изведувач“, „Истакнат изведувач“, „Таленти“..
Има и категорија за композиции „со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетни семејства“ и се избрани: Кристијан Тасевски со песната „Родно семе да остане“, како и Денис Димовски со композицијата „Се враќам дома за Божиќ“.
Целата листа на субвенционирани автори и песни можете да ја погледнете ТУКА.
Министерството за култура ќе ги „секне“ парите за овој проект
Министерството за култура пред два месеца најави дека ќе го укине овој Закон за поддршка на домашната музичка продукција, со образложение дека „во практика не ги даде очекуваните ефекти, пред сѐ, од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио- и видеозаписи, тие или не беа воопшто емитувани или беа емитувани во мал обем на радијата и на телевизиите“.
Предлог законот за укинување на овие субвенции во моментов е во владина процедура.
Според овој Закон композициите во: категоријата „таленти“, „афирмиран изведувач“,„истакнат изведувач“,„врвен изведувач“,„композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“ и „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“ добиваат по 3000 евра, од кои 1500 евра се за создавање и изработка на аудиозапис, а 1500 евра се за снимање на спот.
Повеќе пари им се исплаќа на пејачите кои се во категоријата „ѕвезди“, односно нивната композиција добива вкупно 4500 евра.
Законот е донесен во 2013 година, а се применува од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2023 година.
За спроведувањето на Законот на годишно ниво се обезбедуваат 516.000 евра. Досега за оваа намена од државниот буџет се предвидени 2 милиони евра, од кои се искористени 890.000 евра.
„Со оглед на тоа што аудио- и видеозаписите за композициите не беа во доволен обем достапни за пошироката јавност, се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавањето на нови композиции од областа на забавната и на народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија“, пишува во образложенито на Министерството за култура зошто треба да се укинат овие субвенции.
Досега на вкупно девет конкурси (4 конкурси во 2014 година, 4 конкурси во 2015 година и 1 конкурс во 2016 година) се избрани вкупно 321 композиција, за кои преку Министерството за култура се доделени средства во износ од 54 734 804 денари (890.000 евра) .