Свири на гитара додека го оперираат од тумор на мозокот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јужноафриканскиот џез музичар Муса Манцини веројатно го имаше „настапот на својот живот“ кој никогаш нема да го заборави.

Манцини беше снимен како свири на гитара за време на шестчасовната операција на тумор на мозокот на која беше подложен тој. Тој лежи на операционата маса и свири на гитара додека оперативниот лекарски тим го оперира неговиот мозок.

Неговото свирење им овозможило на докторите во болницата во Дурбан да следат кој дел од мозокот Манцини го користи за координација при свирење , за да може да го вратат во функција за да може да почнат да му се движат прстите со нарушена моторика поради туморот.

„Се чувствував многу чудно и непријатно . Тешко е да се концентрираш додека си меѓу општа анестезија и будна состојба и го слушаш звукот на хируршкиот ласер во својот мозок” , изјави Манцини по операцијата.

Докторите велат дека операцијата минала успешно, а најголем ризик била целосна парализа. Музичарот сега вели дека е подготвен да им се врати на концертите веднаш по целосното опоравување.