Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
55-годишната Мишел Обама, сопругата на бившиот претседател на САД, американски претседател, Барак Обама, присуствуваше на American Portrait Gala вечерата за да го поддржи пријателот Лин-Мануел Миранда, а таму сето внимание на присутните го привлече со фустанот во кој се појави на настанот.
Жолтата креација на брендот „Schiaparelli“, направена специјално за неа, предизвика многу коментари. Поранешната прва дама беше облечена во горниот дел како корсет со богати сјајни детали.
Креативниот директор на Schiaparelli, Даниел Роузбери, во изјави дека дизајнот на фустанот е инспириран од кринолините што се носеле под фустаните во 19 век.
View this post on Instagram
„Светлите бои како розовата се заштитен знак на модната куќа на Елса Шијапарели, а за оваа боја сметавме дека и одговара на енергијата и силата на г-ѓа Обама. Чест беше да се направи овој посебен фустан за неа”, додаде тој.