Светско, а наше: Прилепска Газоза во популарната крими серија Blacklist (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не е позната причината поради која продуцентите на серијата се решиле во позадина да стават токму Газоза. Веројатно им се чинело дека е доволно егзотичен и мистериозен пијалак

Прилепската Газоза по некоја случајност се појави во мегапопуларната телевизиска крими-серија Blacklist. Колку и да се чини неверојатно, во една од сцените во 14 епизода, од четвртата сезона, во позадината јасно се гледа пластичното шише на кое со кирилични букви пишува Газоза. Шишето не е отворено и во него се препознава жолтеникавата боја на овој популарен македонски безалкохолен пијалак.

Шишето е во домот на старица, која разговара со актерот Рајан Еголд, кој во серијата го глуми ликот на инспекторот Том Кин. Прилепската Газоза е во кадар неполна минута, доволно за македонските фанови на оваа серија да ги препознаат шишето и налепницата.

Не е позната причината поради која продуцентите на серијата се решиле во позадина да стават токму Газоза. Веројатно им се чинело дека е доволно егзотичен и мистериозен пијалак, па се сетиле да го употребат како реквизит во една од сцените на серијата во која фокусот е на разрешувања тајни заговори во американското подземје.

Сцената со Газозата е после 27 минута од 14-та епизода во четвртата сезона.