Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реалната, вистинска црна бројка на починати од ковид-19 во светски рамки е околу 6,9 милиони луѓе, што е повеќе од два пати од сегашните бројки за смртноста на вирусот.
Тврдењето доаѓа од ИХМЕ (Institute for Health Metrics and Evaluation), институтот во склоп на Школата за медицина на Универзитетот во Вашингтон. Тие проценуваат дека само САД имале 905.000 жртви на ковид-19, што е далеку повеќе од официјалните 579.000, пренесува Оффнет.
„Ова не изненадува. Долго време се сомневаме дека од најразлични причини не е целосно пријавен бројот на жртви од ковид-19, меѓутоа најверојатно најголем удел во тоа има капацитетот да се дијагностицираат заразените и да се пребројат,“ изјавила Џенифер Нузо од одделот на здравствена безбедност на Џон Хопкинс Центарот.
ИХМЕ за студијата креираат модел на пресметки кој ги зема предвид и опсервациите околу пандемијата, и поставуваат основна процена за тоа колку смртни случаи има во светот. Екипата ги собира неделните и месечни записи од 56 држави и 198 под-државни локации (градови, провинции, сојузни држави).
Тие исто така ги земаат предвид и претходни процени на смртни случаи. Потоа го одземаат бројот на очекувани смртни случаи од вистинскиот број на умрени за да откријат вишок на смртност кој доаѓа конкретно од болеста.
„Вишокот смртност главно се должи на смртни случаи директно од ковид-19, меѓутоа вклучува и смртни случаи кои се индиректно предизвикани од пандемијата кај луѓе кои не можат или не сакаат да добијат медицинска грижа, намалена стапка на вакцинација за другите болести, раст во користењето на дроги и раст во депресија. Па истражувачите се обидуваат да ги корегираат овие фактори за да ја добијат својата ковид-19 стапка на смртност,“ објаснува Умаир Ирфан во Вокс.
Процената дека повеќе од половина од умрените од ковид-19 не се заведени во официјалните бројки, според ИХМЕ, е конзервативна, и можно е да и е поголема.
Иако за најголемиот дел од државите имаат некакво оправдание за разликите во бројки (немаат капацитет, знаење, пари, инфраструктура, итн), за САД оваа логика не им држи, а и покрај тоа проценуваат дека земјата има пријавено 40% помалку смртни случаи.
Таму, првично грешката ја наоѓаат во сертификатот за смрт, во кој се нагласува само примарната причина за смртта. Во сертификатот може да има и поле за втора или индиректна причина. Во ситуација кога ковид-19 се манифестира на најразлични начини и остава трајни последици и кај луѓе што лесно ја минале болеста, вака составениот сертификат не ја дава вистинската причина за смрт. Па, иако човек може да се води дека умрел од згрутчување на крвта, како примарна причина за смрт, ковид-19 е секундарна или индиректна. На крај дали овој случај ќе биде ставен на контото на ковид-19 директно зависи од сојузната држава.