Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските и шпанските навивачи, а и сите други кои планираат да ни дојдат на Телеком арената за финалето од Супер Купот на 8 август, ќе ги фркне глава кога ќе видат колкави се цените за хотелско сместување во Скопје, пишува Офнет.мк.
На најпознатиот сајт за таа намена, Booking.com хотелите во главниот град на Македонија за периодот од 7-ми до 9-ти август се изгор скапи и навивачите кои ќе сакаат да резервираат ќе помислат дека ова е Њујорк или Токио.
Хотелска соба за две ноќавања за двајца чини по 1.500, 2.000 евра и повеќе, цени скроз нереални за кај нас, но тоа не е ништо. Еден од хотелите за истиот период има понуда од 4.000, а најскапиот чини 6.000 евра, мислиш Македонија е Малдиви.
Останува да видиме дали пивото во Скопје тие два дена ќе го направат 45 евра, а таксистите на навивачите ќе им наплаќаат 100 евра за три километри возење.