Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ако статистичките податоци од продажбата на автомобили во светски рамки во април беа лоши, оние за мај се уште покатастрофални.
Со оглед дека Европа најсилниот удар од пандемијата го претрпе во април, тоа значително влијаело врз продажбата на нови автомобили во целиот контитент.
Во април на европскиот пазар имало вкупно 292.181 новорегистрирани автомобили, што е пад од дури 78,3% во споредба со истиот месец во 2019. Во првите четири месеци од 2020 во Европа се продадени 3,3 милиони возила, со пад од 39 отсто на годишно ниво, пренесе „Ројтерс“.
Со статистиката се опфатени земјите членки на Европската унија, Обединетото Кралство, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихненштајн.
Најголем пад на продажбата во април е забележан во Италија (97,6)%, Обеденетото Кралство (97,3%) и Шпанија (96,5%).
Волксваген групацијата забележала намалена продажба од 75% во истиот месец, Рено 79,5%, а ПСА групацијата 82,2%. Големиот пад на продажбата на нови автомобили во април не е карактеристичен само за европските држави.
Во Бразил во тој месец се испорачани 77% помалку нови возила во однос на април 2019, што е најлош месечен резултат во последните 20 години. Во април во Бразил се продадени 51.500 нови автомобили.
Во САД во истиот период е регистриран пад од 47% (испорачани се 707.800 нови возила), што е најгош месечен резултат од јануари 2010.
Јапонија е нешто помалку погодена, па продажбата на нови возила во април е намелена за 30 отсто (219.200 единици).
Од сите големи светски автомобилски пазари, најдобро помина Кина. Пазарот во оваа земја на големо се опоравува од кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, па во април се продадени дури 1,5 милиони возила со пад на годишно ниво од само 2 отсто.
Во првите четири месеци од 2020 на кинескиот пазар се испорачани 4,4 милиони нови автомобили.