Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред неколку месеци, светскиот боксерски шампион во тешка категорија Олександр Усик се соочи со противници во боксерскиот ринг. Сега, тој се врати дома во Украина, подготвен да земе оружје за да ја одбрани својата земја.
На прашањето зошто се вратил во вторникот, тој одговори „моја должност е е да се борам, да го бранам мојот дом, моето семејство“, рече тој, говорејќи за „CNN“ од подрумот во Киев. „Морам да го направам ова“.
Тој додаде дека не сака да убие никого, но ќе направи сè што е потребно за да се заштити себеси и своите најблиски.
Усик не е единствениот боксерски шампион што се фатил за оружје за да ја одбрани својата земја од нападот на Русија.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, во вторникот изјави дека е горд на украинските граѓани што ја бранат својата земја и ја гледа битката што претстои како борба за иднината на Украина. Кличко и неговиот брат, колегата од куќата на славните, Владимир Кличко, ветија дека ќе се борат за Украина.
Во меѓувреме, украинскиот светски шампион во три тежини, Василиј Ломаченко, му се придружи на одбранбениот баталјон во неговата родна земја.