Светски штрајк за иднината: Младите од цел свет в петок ги напуштаат училниците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 2050 година вие ќе бидете мртви, но ние нема – со овој слоган учениците и студентите од цел свет в петок ги напуштаат училниците и ги повикуваат своите врсници на протест на кој од возрасните ќе бараат да преземат решителни и конкретни мерки против климатските промени.

Овој масовен протест од планетарни рамки следи по примерот на Швеѓанката Грета Танберг, кој го иницираше истиот.

Повикот на младата Швеѓанка на масовен протест досега наиде на одѕив во неколку земји, на Белгија и Германија, каде на таа иницијатива се собраа илјадници млади.

Но, на овој светски штрајк за иднината кој ќе се случи на 15 март, средношколците и студентите од цел свет планираат да ги напуштат училниците во Сиднеј, Париз, Токио, Монтреал, Хонг Конг и Кампали.

„Штрајкуваме за да им порачаме на нашите влади да си ја исполнат својата должност и да ни приложат докази“, се наведува во јавниот апел на Фејсбук.

Докази се бараат дека светот презема мерки кои се потребни за глобалното затоплување да се ограничи на не повеќе од 2 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период, како што е предвидено со Договорот од Париз. Затоа што досега „не сум чула никакво конкретно ветување од светските лидери“, неодамна изјави Танберг.

„Едноставно велат дека ќе се обидат да направат најдобро што можат, но тоа не е доволно, бидејќи нашата куќа гори и сакам да почнете да паничите“, предупредува тинејџерката од Стокхолм.

Движењето наречено „Петок за иднината“ се предвидува да го следат илјадници демонстранти во стотици земји ширум светот. Но, тешко е да се знае колку млади ќе се одважат на ваков чекор.