Светски рекорд на Tesla Model 3 – автономија од 975 километри со едно полнење


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Електричните автомобили дефинитивно се иднината на автомобилската индустрија и автомобилскиот превоз. Фактот дека имаат сè поголема автономија со секој нареден модел, импресионира доволно за сè поголем број корисници да се одлучат за купување вакво возило.

Во случајот на „Тesla Model 3“ неговата автономија на хартија изнесува меѓу 350 – 500 километри.

Меѓутоа, ако автомобилот го возите доволно штедливо, да не речеме бавно или досадно, оваа бројка на изминати километри може да се дуплира.

Ако со вакво возење ги „цедите“ и последните електрони од батеријата стигнувате до „hypermiling” или хиперкилометража.

Двајца љубители на електрични автомобили седнале во „Тesla Model 3“ и одлучиле да постават рекорд, на прејдени километри со едно полнење на батеријата.

На затворен пат долг 1600 метри со висинска разлика од само 3 метри во близина на аеродромот во Денвер, двајцата авантуристи одлучиле да го остварат рекордот.

Возејќи со брзина меѓу 32 и 48 километри , тие успеале со автомобилот Тesla да прејдат точно 606,2 милји односно неверојатни 975 километри. Овој подвиг меѓутоа имал и „трето полувреме“. Момчињата 24 часа по поставувањето на рекордот го поврзале автомобилот со полнач и утврдиле дека батеријата не сакала да се полни.