Светски признат виролог советува како да ги миете овошјето и зеленчукот во време на коронавирус епидемија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секоја површина е потенцијална опасност кога станува збор за коронавирусот и неговото ширење, тврди австралискиот виролог, Тимоти Њусам, професор на Универзитет во Сиднеј. Заради тоа, тој советува посебно да обратите внимание на овошјето и зеленчукот во супермаркетите.

Овој експерт кој е специјализиран за инфекции, вакцини и вирусологија, истакнал дека ковид-19 може да преживее на повеќе површини, но дека е потребно поголема претпазливост кога станува збор за овошјето и зеленчукот, бидејќи потрошувачите се склони додека ги избираат постојано да ги земаат и враќаат плодовите во гајбите.

– Мораме да имаме предвид дека секоја површина е потенцијално контаминирана и дека секаде постои ризик. Се разбира, не се смета сè за висок ризик, како што е контактот со заразени или потенцијално заразени лица, но сепак е важно да се внимава – истакнува Њусам.

Тој советува овошјето и зеленчукот задолжително да се измијат и со сапун и со вода откако ќе се донесат дома, и да не се потпираме на фактот дека високата температура за време на готвењето ќе го „убие“ вирусот.

– Измијте ги со сапун и топла вода, исто како што ги миете рацете – рекол тој за „Фимел“.