Светски познати дестинации каде ќе си поминете најевтино и најскапо според Traveller’s Elixir

Монако

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во селекција помеѓу 60 светски познати места ширум планетава, Traveller’s Elixirги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на знаменитостите.

Најевтиното место за пет ноќевања е областа Делхи вo Индија. Престојот тука чини 165 евра, а просечната хотелска соба со три ѕвезди чини само 17 евра од ноќ.

Од друга страна, најскапа дестинација е Кнежеството Монако, каде што петдневното патување чини во просек 2.051 евро.

Најевтините туристички дестинации:

Делхи, Индија – 165 евра за петдневен престој,

Делхи, Индија

Пном Пен, Камбоџа – 203 евра,

Катманду, Непал – 207 евра,

Катманду, Непал

Тбилиси, Грузија – 226 евра,

Меделин, Колумбија – 231 евро,

Хо Ши Мин Сити, Виетнам – 235 евра,

Чианг Маи, Тајланд – 260 евра,

Каиро, Египет

Каиро, Египет – 262 евра,

Луанг Прабанг, Лаос – 264 евра,

Бангкок, Тајланд – 264 евра.

Кога станува збор за најскапите места, францускиот прекуокеански остров Сен Барт е на второто место. Оваа дестинација на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и одлични места за одмор. Г’штад во Швајцарија е трет на списокот. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти.

Најскапите туристички дестинации:

Монако – 2.050 евра за петдневно патување,

Сен Барт, Мали Антили, Карипски Острови

Сен Барт, Франција – 1.976 евра,

Гштад, Швајцарија – 1.870 евра,

Рејкјавик, Исланд – 1.739 евра,

Бора Бора, Француска Полинезија – 1.738 евра,

Хонолулу, Хаваи

Хонолулу, Хаваи – 1.735 евра,

Сан Франциско, САД – 1.708 евра,

Њујорк, САД – 1.612 евра,

Гранд Кајман, Кајмански Острови

Гранд Кајман, од британските прекуокеански Кајмански Острови – 1.480 евра,

Венеција, Италија – 1.402 евра за петдневен одмор.