Филм / ТВ

Светски хит во најава: Бред Пит и Ди Каприо заедно во филм на Тарантино

Двете холивудски ѕвезди Бред Пит и Леонардо ди Каприо ќе глумат заедно во новиот филм на Квентин Тарантино, кој го носи насловот „Беше еднаш во Холивуд“.

Премиерата на филмот е закажана за 9 август 2019 година, а дејството ќе се случува во Лос Анџелес.

Приказна сместена во 1969 година, во хипи-периодот на Холивуд. Двајцата главни ликови се Рик Далтон (Леонардо Дикаприо), поранешна ѕвезда од вестерн ТВ серија, и неговиот каскадер Клиф Бут (Бред Пит). Двајцата се борат да успеат во Холивуд.

„Работев на сценариото за филмот цели 5 години, а и живеам во Лос Анџелес скоро целиот мој живот. Таму живеев и во 1969 година, кога имав 7 години. Многу сум возбуден да ја раскажам приказната за Лос Анџелес и Холивуд кој веќе не постои“, изјави Тарантино.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top