Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Велика Британија, Германија и Италија се последните европски држави кои ги потврдија првите случаи на новата Омикрон варијанта. Десетици држави веќе воведоа ограничувања за патувања од Јужна Африка а стотици лица се заглавени на главниот аеродром во Кејп Таун.
Британските здравствени власти најавија враќање на построгите мерки и ограничувања. Задолжително тестирање ќе има за сите кои пристигнуваат во земјата а се враќа и одлуката за носење на маски во сите затворени простории.
„Ќе бараме секој кој ќе влезе во обединетото кралство да направи ПЦР тест до крајот на вториот ден по пристигнувањето и да се изолира додека не добие негативен резултат.“ – изјави Борис Џонсон премиер на Велика Британија.
Националниот институт за здравство на Италија соопшти дека случај на новиот сој на вирусот бил откриен кај жител на Милано а чешките здравствени власти, исто така, соопштија дека истражуваат сомнителен случај на оваа варијанта кај лице кое живеело во Африка. Од денеска во Холандија на сила е делумен карантин, во услови на рекорден број случаи на заразени со коронавирус и загриженост за ширење на потенцијално позаразната нова варијанта.
Новиот сој стигна и до Австралија. Тамошните власти соопштија дека го потврдиле присуството на видот омикрон кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј. Од 260 патници и членови на екипажот побарано е да се изолираат.
Од јужноафриканската медицинска асоцијација пак соопштија дека луѓето кои се заразиле со Омикрон сојот на коронавирус не се сериозно болни но напоменуваат и дека истражувањето на новата варијанта е сè уште во многу рана фаза.
„Досега откриените случаи во Јужна Африка не се сериозни. Симптомите на новата варијанта се невообичаени, но благи. Пациентите најмногу се жалат на болки во телото, на екстремен замор, и тоа го гледаме кај помладата генерација, а не кај постарите.“ – изјави Анџелик Кетзи – претседателка на јужноафриканската медицинска асоцијација.
Дел од здравствените експерти сепак смируваат и се оптимисти дека актуелнте вакцини, за кратко време ќе можат да се приспособат и на новата верзија на вирусот.
„Во следните неколку недели и месеци нема да видиме нови вакцини . Ќе биде потребно малку повеќе време, но не толку колго колку што вообичаено треба за дасе произведе една вакцина. Тој процес сега ќе оди побрзо поради знаењето кое сега го имаме за вирусот.“ – изјави професорот Линда Баулд експерт за јавно здравје.
Од меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација велат дека појавата на новиот сој на коронавирусот е показател за недостатокот на вакцини во многу делови од планетата..Од агенцијата велат дека сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот ќе продолжи да мутира.
„Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите.“ – изјави Сет Беркли директор на меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација во светот.
Претседателката на светската медицинска асоцијација пак вели дека дополнителната, засилувачка доза од вакцината веројатно ќе биде потребна секоја година. Иако од КОВАКС се надеваа дека годинава низ светот ќе бидат испорачани две милијарди дози од вакцините против коронавирусот, досега реализира само околу четвртина од поставената цел.