Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сатоши Накамото е псевдоним кој во 2008 годна е употребен при давањето предлог за формирање на електронска валута која ќе има директна конекција од корисник до корисник што подоцна прерасна во денес планетарно популарниот биткоин.
Е токму тој анонимен тип, наскоро, ако веќе и не е станат – ќе биде првиот трилионер на планетата Земја.
Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото, а токму тој човек, чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари, поседува 1 милион биткоини.
Речиси е извесно дека тој се наоѓа на листата со најбогати луѓе на светот на „Форбс“, и тоа пред милијардерите Бил Гејтс и Џеф Безос.
Кога биткоинот почна нагло да расте, процената била дека Накамото „тежи“ околу 17 милијарди долари, но судејќи според новите вредности на оваа криптовалута и предвидувањата дека и натаму ќе расте, „таткото“ на биткоинот би можел да стане и првиот трилионер во светот.
Биткоинот оваа година забележа раст од 1.800 проценти. Минатата недела првпат беше пробиена и границата над 19.000 долари.
Идентитетот на Сатоши Накамото, кој е псевдоним на авторот што почнал со копање биткоини пред околу девет години, сè уште е мистерија. И ден-денес никој не знае кој е Накамото.
Претходните години имаше барем четири личности за кои се веруваше дека стојат зад псевдонимот. Последниот „осомничен“ беше Илон Маск.