Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите и најатрактивните фудбалери на сите времиња, Роналдињо конечно стави крај на својата богата кариера.
Веста околу пензионирањето на Роналдињо ја пренесе неговиот брат, кој воедно беше и негов менаџер.
„Готово е, конечно е крај!“, изјави братот на Роналдињо.
37-годишниот виртуоз сега реши да стави крај, иако последниот професионален натпревар го одигра на 26 септември 2015 година во победата на Флуминесе.
Заминува единствениот човек во историјата на фудбалот кој ги освои Златната топка, Светското првенство, Копа Америка, Купот на конфедерации два пати, Лигата на шампионите и Копа Либертадорес.
Роналдињо играчката кариера ја почна во бразилскиот клуб Гремио, од каде во 2001 година пристигна во ПСЖ, за на летото 2003 година да направи трансфер во Барселона, каде ги помина најдобрите години од својата кариера.
Потоа во 2008 отиде во Милан, а во 2011 година во Фламенго. Следната станица беше Атлетико Минеро, потоа кратка епизода и во Мексико и на крај Флуминесе за кој и го одигра последниот натпревар во 2015 година.