Светот го слави Меси: Тој е Бог, одлучува и кога е дома на вечера!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси одигра уште едно спектакуларно „Ел Класико“ и како и многупати досега го воодушеви фудбалскиот свет.

Лионел Меси го одигра најдобриот меч во оваа сезона, постигна два гола на „Сантијаго Бернабеу“ и ја врати Барселона во шампионската трка.

„Меси е одлучувачки и кога вечера дома. Тој е најдобриот фудбалер во историјата, а верувајте сум имал можност да гледам многу генијални фудбалери, но Меси е ЧУДО. Постигна 500 голови и големо задоволство за сите навивачи на Барселона е што можат да се идентификуваат со Меси. Барселона беше неверојатна многу години, а голем дел од историјата му го должи на Меси“, изјави Луис Енрике.

Капитенот Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи на својата позиција во историјата на фудбалската игра, не верува дека некогаш ќе се појави некој кој ќе биде сличен на момчето од Росаро.

„Вистинската вредност на Лео Меси е што не престанува да восхитува и по толку години. За клубот е чест што е тука, тој е благослов“, изјави Иниеста.

Луис Суарез
, партнерот на Меси во нападот, во Мадрид не беше на вообичаеното ниво, а по мечот остана без зборови.

„Тимот е брилијантен, трудот на секој играч беше спектакуларен. Фотографија со најдобриот фудбалер во историјата. Честитки мој пријателу“, напиша на Твитер, Уругваецот.

Најоригинално играта на Меси во дербито ја опиша неговиот поранешен сограч, Самуел Ето.

„Бог се врати и има име – Меси“, напиша Камерунецот.