Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многумина уште го паметат едно од најголемите италијански филмски остварувања, „Животот е убав“ кој и денес измамува солзи на очи кај филмофилите.
Џорџо Кантарини, кој во „Животот е убав“ го глумеше ликот од малото момченце, ги освои срцата на публиката ширум цел свет и стана глобална сензација. Неговиот татко Гвидо во филмот го глумеше славниот Роберто Бенини. Џорџо денес има 24 години и уште ја негува својата филмска кариера.
Тој имаше само пет години кога го сними култниот филм, а искреноста и невиноста во својата глума го направија запаметен во филмската историја.
Кантарини го глумеше и синот на Максимус во „Гладијатор“, а во 1998 година освои награда за најдобар млад уметник.
Сепак, се чини дека овие две улоги во големите филмски хитови не му овозможија понатамошен успех на младиот актер, кој после тие две остварувања не доби поголем филмски ангажман. Моментално Џорџо е активен во театарот, но се надева и на други, поголеми филмски ангажмани.