Home Вебкафе Светот е за 30 секунди поблиску до апокалипсата – причината е Доналд Трамп

Светот е за 30 секунди поблиску до апокалипсата – причината е Доналд Трамп

Часовникот на апокалипсата кој ја симболизира непосредната опасност од катаклизма, е поместен за 30 секунди нанапред, на 2 минути и 30 секунди пред полноќ, објави Билтенот на атомски физичари.

Kако причини се наведени заканите со нуклеарно оружје, климатските промени, но и изборот на Доналд Трамп за американски претседател.

Часовникот не бил „поблиску до полноќ“ во последните 63 години, кога СССР во 1953 се вклучи во трката околу нуклеарното вооружување, детонирајќи ја својата прва хидрогенска бомба.

Во 2015 година, часовникот бил поместен наназад за две минути, како што остана и во 2016. Научниците тогаш го образложија тој потег преку Спогодбата за иранската нуклеарна програма и Парискиот договор за климата.

Билтенот на атомските научници е основан во 1945 година, како гласник за иднината на човештвото. Часовникот на апокалипсата пак, е идеја на научниците од Чикаго кои претходно учествувале во создавање атомска бомба.

Одборот кој одлучува дали часовникот ќе се помести, е составен од научници и политички аналитичари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…