Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на Ромите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, 8 април, светот го одбележува Меѓународниот ден на Ромите, кој официјално доби таков статус со неговото прогласување на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска во 1990 година.

На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

По повод Меѓународниот ден на Ромите денеска во Собранието ќе се одржи настан на тема „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“, во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ .

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, Музафер Бајрам, вели дека од круцијална важност е имплементацијата на Националната стратегија за Роми, која ги опфаќа реалните потреби на Ромите во областите на образованието, домувањето, вработувањето и здравството. Тој повикува на уште повисока граѓанска свест и одговорност кон потребите на ромската заедница во нашето општество.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права со жалење констатираат дека, во нашата држава, расната дискриминација е директно или индиректно насочена кон граѓаните припадници на ромската заедница.