Home Актуелно Светот денес го чествува 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Светот денес го чествува 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Во светот денес се чествува 8. Март, Меѓународниот ден на жената.

„Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19“ е темата на годинашното одбележување темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март поставена од Обединетите нации. Темата ги слави огромните напори на жените и девојките ширум светот во обликувањето на порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата ковид-19. Исто така е усогласена со приоритетната тема на 65-та седница на Комисијата за статусот на жените, „Целосно и ефективно учество на жените во донесување одлуки во јавниот живот, како и елиминирање на насилството, за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки во сите области на животот, еднаква плата, еднакво споделување на неплатена грижа и домашна работа, да се стави крај на сите форми на насилство врз жените и девојчиња и здравствени услуги кои одговараат на нивните потреби.

Жените стојат на првите редови на кризата со ковид-19, како здравствени работници, негувателки, организатори на заедницата и како едни од и најефикасните лидери во борбата против пандемијата. Жените лидери и организациите на жените ги демонстрираа своите вештини, знаење и мрежи за ефикасно водење во напорите за одговор и обновување од ковид-19, наведуваат ОН по повод денешниот Меѓународен ден на жената.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…