„Свети Јован Претеча“ – стерна на умствена свежест и духовно смирение


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Над легендарното Слепче (демирхисарско) кое спокојно ги брои дните и летата вгнездено во подножјето на горостасната планина Илиница, меѓу неколкувековните дабови стебла, својата приказна непрекинато ја ткае и раскажува слепченскиот манастир со црквата посветена на Свети Јован Претеча.

11.6.preteca2

Прецизни и најконкретни податоци за изградба на првата црква во овој комплекс и основањето на манастирот не постојат. Според некои извори, манастирот е изграден во 1010 година, познатата битка помеѓу македонскиот цар Самоил и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на Беласица во 1040 година и завршила со трагичното ослепување на самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име.

11.6.preteca4

11.6.preteca5

Според некои научни податоци, манастирот постоел пред XIV век, потпирајќи го своето мислење врз податокот дека во 1393/34 година, во него е препишан еден триод на црковно-словенски јазик. Првото, конкретно споменување на манастирот датира од 1543 година, во едно писмо на протопопот Лука.

11.6.preteca6

11.6.preteca7

За историјата на манастирот постојат извори што кажуваат дека Косара, ќерката на цар Самоил, му подарила на манастирот имот во Елбасан-Албанија, а според едно предание, во 1881 година, во манастирските простории бил одржан демирхисарскиот конгрес на кој присуствувале делегати од цела Македонија.

11.6.preteca8

11.6.preteca9

11.6.preteca10

За време на своето постоење, тој бил трипати пален: во 1675 год, од страна на Албанците кои ги земале сите негови драгоцености, оставајќи ги само кутијата со светите мошти и крстот; во 1954 изгореле трпезаријата и магерницата, а во 1972 година, изгорела десната страна на иконостасот.

11.6.preteca11

Манастирската црква која денес опстојува во дворот на манастирот е изградена во 1862 година, на местото каде претходно постоела старата голема и живописана црква.

11.6.preteca13

11.6.preteca12

Од повеќето сочувани стари уметнички предмети, со својата вредност се истакнуваат “Големиот крст со распнатиот Христос” (XVI век), “Царските двери” и певниците изработени во копаница. Посебно се интересни двете пронајдени врати, изработени во плитка резба со различни фигури и со мотивот плетенка, преставен на начин кој се сретнува во ракописи од XV-XVI век. На црквениот иконостас постои и голем “Чин”, што го изработил монахот Калиник во 1607 година. Од XVI-XVII век потекнува старата живописана трпезарија, како и двете влезни врати, западната живописана во 1637, а јужната во 1638 година.

Фотографија: Александар Војнески