Свештеник го откопаа од гробот и се запрепастија – еден детал сите ги скамени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако мртвото тело од будистичкиот свештеник кој почина пред повеќе од еден месец го извадоа од неговото почивалиште, неговите следбеници се изненадија кога истото го најдоа речиси совршено сочувано, а мртовецот има израз на лицето како да се смешка.

Невројатните слики го прикажуваат будистичкиот свештеник со насмевнато лице чие тело беше откопано месец и нешто после неговата смрт.

Свештеникот Луанг Пхор Пиан почна на 93-годишна возраст, на 16 декември минатата година, поради болест во болницата во главниот град на Тајланд, Бангкок. Пиан, по потекло од Камбоџа, речиси цел свој живот го помина служејќи како познат будистички гуру во централниот дел на Тајланд, каде телото му беше вратено после смртта.

Иако е мртво речиси месец и пол, и тоаво тропска клима, телото на свештеникот изгледа како воопшто да не почнало да се распаѓа.

Кога неговите следбеници оваа недела го извадоа од неговото почивалиште во храмот во кој служеше, се шокираа кога забележаа дека телото е невројатно добро сочувано. Свештениците го извадоа неговото тело со цел да го облечат во нова и чиста облека.

Освен тоа што е одлично сочувано, лицето на Пиан делува и како да се смешка. Неговите следбеници ќе продолжат да се молат за него, додека најпосле не биде испратен во вечна почивка на 100-от ден од неговата смрт.