Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, денес во скопскиот Кривичен суд сведочи за начинот на кој таа и сопругот биле рекетирани од страна на Боки 13 и бившата специјална обвинителка Катица Јанева, пренесува Фокус.
Раскажа дека имала неколку средби со Јовановски, а после втората средба и побарал пари.
„Решивме да ги дадеме парите. Благајничката извади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец отидовме во домот на Јовановски, во кој беше Сергеј Варошлија. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти, по што забележа дека фалат 150.000 евра. Кичеец рече дека тој ќе го обезбеди остатокот“.
На втората средба, како што рече, во домот на Јовановски присуствувала и Катица Јанева.
„Со Јанева зборевме за децата. И кажував на која возраст се моите деца, таа ми кажуваше за нејзините. Ми рече дека благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод. Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи“, рече Камчева, која додаде дека Јанева и се заканила дека доколку нешто излезе од разговорите ќе знаела дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша нејзиниот сопруг.
Сепак Камчева во сбвоето сведочење призна дека Јанева никогаш лично не и побарала пари, туку се одело преку Јовановски.