Сведочење на Боки во случајот за „Меѓународен сојуз“: Имав поддршка од Заев, Царовска и Спасовски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, во судот сведочеше обвинетиот Бојан Јовановски.

Средбите со бизнисменот Силјан Мицевски и градоначалниците со кои соработувале за да се градат старечки домови ги организирал Александар Кирацовски од СДСМ. Ова беше едно од денешните тврдења на Бојан Јовановски на рочиштето за случајот Меѓународен сојуз. Боки 13 тврди дека пензионерката Лилјана Тодоровска која од Мицевски доби 720.000 евра во име на проект, препорака со проектот да оди во Меѓународниот сојуз дошла од министерката Царовска. Тој негира дека пари од Сојузот завршиле во 1ТВ.

„..Обвинителството ќе каже дека парите завршиле во мојот дом и оти имало фотографија. Но, има и други слики и затоа барам да се извештачи во целост мојот телефон“, вели Боки 13.

Пратеничката во заминување Фросина Ременски реагира дека со тоа што ги поддржувала проектите на Боки 13, нема кривична одговорност. Според неа, обвинителството нема докази.

„Во понудените сведоци и докази и од наша страна и од страна на останатите обвинети во предметот ќе можете да видете и да се уверите во реални дејствија од страна на овластени лица коишто имале сериозно пристапување кон реализација на овој проект“, рече Ременски.

Потпретседателката на Сојузот Јасна Ерцеговиќ тврди дека таа не го знаела планот на Боки 13 за измама на бизнисмени, како што наведува Обвинителството. Судењето продолжува на 26 август кога треба да сведочат бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски кои според обвинението, дале речиси еден милион евра за фиктивни проекти.