Спорт

Свечено затворени ЗОИ во Пјонгчанг: Норвешка апсолутен рекордер

Зимските олимписки игри кои во изминатите 17 дена се одржуваа во Пјонгчанг свечено беа затворени денес, со дефилето на спортистите и потоа со концертот на музичарот Мартин Герикис.

На Игрите кои започнаа на 9-то февруари учествуваа повеќе од 3000 спортисти, а дел од Игрите, седми пат во историјата беше и Македонија. Во Пјонгчанг настапија тројца македонски спортисти: Ставре Јада кој на отворањето го носеше државното знаме, Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски.

Ставре Јада во спринт го освои последното 79.место, а на трката на 15 километри во конкуренција на 119 натпреварувачи заврши на 99. позиција.

Викторија Тодоровска настапи на 10 километарската патека во крос-кантри, македонската репрезентативка во конкуренција на 90 натпреварувачки го освои 85.место.

Антонио Ристевски настапи во двете технички дисциплини во алпско скијање но не успа да оствари пласман. Ристевски не успеа да ги заврши трките во слалом и велеслалом.

Олимпијадата мина во знакот на Норвешка и нивната хероина Марит Бјерген. За 17 дена норвешките спортисти освоија 39 медали (14 златни, 14 сребрени, 11 бронзени) и поставија апсолутен рекорд во историјата на олимпијадите.

Марит Бјерген во Пјонгчанг стигна до бројката од 15 медали во кариерата и го запиша своето име во историјата на олимпизмот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top