Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 10 часот во арената А1,СЦ Борис Трајковски се одржа свеченото отворање на најважниот пинг понгарски настан кој досега се одржал во Македонија.
После најавата и претставувањето на државите кои учествуваат на турнирот од страна на директорот на турнирот Предраг Чоловиќ, воведено излагање имаше претсетателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски.
После Тиловски свое обраќање имаше и претседателот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
„Ваков светски собир дефинитивно е момент плус и за дополнителен развој на овој спорт во нашата земја. Секако самата доделена организација од страна на ИТТФ е големо признание, па верувам ќе се покажеме како добри домаќини“, изјави Каевски.
Турнирот за отворен го прогласи Претседателот на ИТТФ Томас Вајкерт, што е огроман чест и признание за работата на раководството на пинг понгарската федерација.
Денес на вториот ден на турнирот на програмата се завршните натпревари во екипна конкуренција, и прогласувањето на победниците и доделување на одличјата на најуспешните екипи. Од утре до сабота следуваат натпреварите во поединечна конкуренција и во двојки.