Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќа, на отворено, во дворот на Заводот и музеј Битола, се одржа официјалната церемонија за отворањето на 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Дефилето на отворањето помина во знакот на ноќните тоалети, вратоврските, но и проверката на анти-ковид сертификати.
„Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, како што мора и во секој друг сегмент од животот да продолжиме и понатаму со оптимизам и надеж, покрај сите тешкотии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го прогласи фестивалот за отворен.
Прв во програмата беше филмот „Сестри“, режисерското деби на младата Дина Дума.
Извор и фотографии: Гласот на Америка